Победа и чиста мрежа за Вардар на денешното гостување во Ѓорче Петров. Ако голманот Филип Гачевски немаше многу работа, со оглед дека ѓорчепетровци и немаа некои сериозни шанси (по една во двете полувремиња), тогаш сите заслуги одат на грбот на Бојан Колевски кој успеа да постигна два гола.

Првиот гол Колевски го даде во 41. минута кога на дваесетина метри опкружен со двајца, шутираше веднаш, и го изненади Јовановски.

Во вториот дел Македонија ЃП беше нешто поактивен тим. Но кога Вардар успеа да се одбрани, стигна казната во 88. минута. Класичен противнапад на „црвено-црните“ и топка за Колевски кој се ослободи од својот чувар, и шутираше прецизно во горниот лев агол.