Градски, па „Филип Втори“, кусо време се викаше и „Телеком Арена“, за да од 9 овој месец нашиот најголем спортски објект се преименува во Национална Арена „Тоше Проески“.

Па така денеска Работнички и Победа, играат во 16 часот, ќе ја испишат историја. Тие први ќе настапат, односно ќе ја сефтосаат Арената под новото име. Засекогаш ќе се памети дека Работнички и Победа играле први на Арената „Тоше Проески“.