Само наивните поверуваа дека Шкендија ќе победи во Струмица, посебно кога се виде со каков состав истрча стратегот Ќатип Османи. Беласица, по А.Пандев и Шкендија си ја „измачка“ и сега е со добри шанси за опстанок. Сако ќе кажеме дека денешниот меч заврши со резултат 2:1 за струмичани, секој коментар е излишен. Пепи Георгиев и ефектниот гол на Бејтулаи за водство од 2:0, Шефити барем малку го намали срамот за конечни 2:1.

ТРИУМФ НА ПОБЕДА ПО ПЕТ МЕСЕЦИ

Невиден нокаут доживеа Работнички,  и тоа дома и тоа од Победа која по цели пет месеци успеа да триумфира, и најде да победи токму кај „романтичарите“. Вијачки во 12. минута донесе водство од 1:0 за Работнички, се редеа шансите, Баже Илијоски утна и пенал, и потоа следуваше шок во две минути. Прво Ефремов го искористи киксот на Димитровски и Јанков и ја погоди празната мрежа. Не минаа две минути, се играше 76. минута кога Тимовски од десно успеа да го матира Јанков и да донесе огромна радост за прилепчани. Се чини дека со овој пораз екипата на Работнички ги губи и оние мали шанси за излез во Европа.

ИСЕНИ И МИОВСКИ ЗА ПОБЕДИ НА ШКУПИ И РЕНОВА

Бесар Исени е херојот на Шкупи, тој во 87. минута постигна гол за победа на мечот со А. Пандев, со тоа сега чаирчани се приближија на пандевци на само пет бодови. Каков пеколен финиш не чека за таа трета позиција, додека Ренова со раниот гол на Миовски во 5. минута успеа да го реши Силекс и да го втурне кон патеката која означува Втора лига.

 

СЛЕДНО КОЛО#3. КОЛО  
ДатумЧасНатпреварРезултат
25.08.2019 17:00Акад. Пандев - Борец
25.08.2019 17:00Шкендија - Македонија ЃП
25.08.2019 17:00Шкупи - Ренова
25.08.2019 17:00Струга ТЛ - Силекс
25.08.2019 17:00Вардар - Работнички
#🇲🇰 КЛУБОдиграниПобедиНерешениПоразиДГПГБодови
1Вардар861112319
2Акад. Пандев84317215
3Македонија ЃП842212714
4Ренова84138913
5Шкупи83329712
6Шкендија83148610
7Силекс83059119
8Струга ТЛ82246128
9Работнички82156117
10Борец81254135
РЕЗУЛТАТИ#2. КОЛО  
ДатумЧасНатпревар
17.08.201917:00Работнички - Шкупи2-0
18.08.201917:00Борец - Вардар0-0
18.08.201917:00Македонија ЃП - Акад. Пандев0-0
18.08.201917:00Ренова - Струга ТЛ2-1
18.08.201917:00Силекс - Шкендија1-0

🎥

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0:2 ГОЛОВИТЕ И КОМПЛЕТНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ОВОЈ ЛИНК

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 2-1

РЕНОВА – СИЛЕКС 1-0

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 1-2

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА 1-0