Македонскиот стратег Гоце Седлоски е избран за тренер на 27. коло во БиХ Премиер лигата. Седлоски одлично го предводи Широки Бријег во финишот на сезоната, кој славеше во големото дерби со Зрињски, додека минатата седмица, извлече бод со Коче. Нема сомнеж дека тој е еден од најзаслужните за ваквите резултати на неговата екипа, па од таму е избран и за стратег на колот.

До крајот на сезоната на првенството во БиХ остануваат уште шест кола, додека Седлоски и Широки Бријег, вечерва ги чека тешко гостување кај Железничар.

Во тимот на колото се најдоа и двајца играчи од тимот на Седлоски, голманот Лука Билобрк, како и стоперот Бернардо Матиќ.