Претседателот на шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес изјави дека во моментов се разгледува идејата за нов формат на Суперкупот на Шпанија и истиот да се игра во Саудиска Арабија на почетокот на идната година.

Рубиалес вели дека Средниот исток е најповолна опција за одигрување на турнирот меѓу екипите кои завршиле на првите две места во Примера и финалистите на Купот на кралот.

Досега Суперкупот беше натпревар помеѓу шампионот и освојувачот на националниот куп. Се очекува предлогот на новиот формат на Суперкупот да биде изгласан идната недела.

Наградниот фонд на новото натпреварување за наредните шест сезони ќе изнесува вкупно 30 милиони евра.