Фудбалската асоцијација на Англија има долгогодишна традиција да остави шампањско во соблекувалната на освојувачот на најстариот Куп како честитка.

Но, по долги дебати и консултации ФА одлучи да стави крај на овој традиционален гест поради играчите на кои им е забрането да консумираат алкохол, во случајов Муслиманите.

Според многумина прославата на фудбалерите со алкохолни пијалоци предизвикува непријатност играчите од исламската вера.

Па наместо алкохолен, во иднина екипите победници ќе ги чека неалкохолем шампањ.

Финалето од најстариот Куп се игра на 18. мај, во него силите ќе ги одмерат Ватфорд и Манчестер Сити.

За постетување, Премиер-лигата веќе од 2012 година не дели ваков тип на напиток откако играчите од исламска вера одбија да ги земат шишињата со алкохол.