Анадолу Ефес одигра неверојатен меч, на гостувањето кај Барселона славеше со убедливи 68-102 во третиот меч и поведе со 2-1 во серијата.

Турскиот тим доминираше во текот целиот меч, поведе со 20-26 по првата четвртина, на полувремето замина со 39-52, додека пак печат на победата стави во третиот период (18-32).

Шејн Ларкин со 30 поени беше прво име во редовите на Ефес, на другата страна Ханфа имаше 13 поени.

На втората одиграна средба Басконија на домашен терен загуби од ЦСКА со 77-83. Де Коло имаше 28 поени со 2 скока и со 5 асистенции

Резултати: Басконија – ЦСКА 77-84 (1-2), Барселона – Анадолу 68-102 (1-2).