Па добро бе колку вреди радоста на народот. Илјадници во сала, милиони пред ТВ. Колку?! Црвени или плави, сеедно. Вардар не е партија, Вардар е нација. Спасете ја оваа убавина, радост и победи. Ако го нема РК Вардар ке не нема ни нас како нација. Единствен бренд од МКД. Доста не труете со турски серии, со концерти на Цеца, Лукас, Брена…Ова е наше, наш бренд – бренд на Македонија. Три милиони чини Вардар, ни кажаа за толку бил проблемот.

Имајте милост, ако вие ја немате можеби ја имаат вашите деца, вашите пријатели, соседи… Тука нема бизнис, тука сега има има една голема победа, но сепак срцата се празни. Не дозволувајте оваа убавина да умре . Овој тим, овој клуб, овие луѓе…. Не сега со државен проект со фотељаши и уличари. Ова што е сега тоа и да остане. Тие знаат како, а сега им требаме ние – НАРОДОТ.

Спас за Вардар, СПОРТМЕДИА е за оваа иницијатива.

Ако не можат бизнисмените и политичарите – народот нека ги казни. Доста со тендери, превари, интриги… Вардар е 0.01% од буџетот на РМ, а може и помалку.

И на крај кој сака нека каже, АМА ЕДЕН Е РК ВАРДАР…