Попладнево се одигра првата средба од 23.коло во Втората Лига – Исток меѓу Детонит и Партизан Обршани. Победи домашната екипа со 5:0, а стрелци на головите беа Симевски во 7.и 26.минута, потоа стрелаше во 32.минута за 3:0. Додека последните два гола беа дело на Јанев во 55. и 71.минута. Ова се три значајни бодови за тимот од Радовиш. Во сабота се играат сите останати натпревари од ова коло.