По серија чудни резултати во последните две кола од нашата ПМФЛ, а посебно по она што вчера се случуваше, денеска реагираше Комисијата за натпревари која го предала цело коло, односно сите натпревари на Одделот за интегритет на ФФМ.

„Ние од натпреварувачката комисија се решивме сите натпревари од 30.коло да ги предадеме на Оделот за интегритет. Тој ќе треба, во соработка со надлежните служби во државата да се обиде да дојде до докази, а ако има нешто неспортски тогаш ќе поднесе пријава до МВР, е дури тогаш ФФМ ќе може да размислува за евентуални казни или санкции. Да се разбереме оваа процедура може и сигурно ќе потрае“ вели за СПОРТМЕДИА Васко Дојчиновски, првиот човек на Комисијата за натпревари на ФФМ.