Шпанскиот гигант Реал Мадрид очигледно многу сериозно смета на Марко Асенсио во иднина поради што неколку пати одбил понуди за својот млад напаѓач. Неговиот менаџер Гаџиоли изјави дека имало интерес од неколку клубови кои нуделе сериозни суми на пари, но Реал не сакал да чуе.

„Одбиени се 150 и 180 милиони евра за Асенсио. Реал дури не сакаше да чуе за тие понуди“, рече Гаџиоли.

„За него одамна постои интерес, што е нормално, но Маркос е среќен во Реал Мадрид и сака да успее таму. Уште е млад, а клубот е задоволен од него“, додаде менаџерот на Асенсио.

Наводно понудите што биле одбиени биле од Јувентус и Ливерпул.