Каков ден, како меч, каков крај на овој состав на Вардар во последниот дуел во СЦ „Јане Сандански“ во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ го одиграа најдобриот натпревар сезонава, го прегазија Пик Сегед во првата четвртфинална пресметка и се најдоа на чекор до нов пласман во Келн.

Салата вечерва беше исполнета со емоции…Додека фановите скандираа ШАМПИОНИ, ракометарите со солзи во очите се простуваа од нив…тука во Скопје ги доживеаја најдобрите денови, имаат шанса да играат пред најдобрите навивачи, во најдобрата атмосфера, но ете до тука било..