Роберто Парондо имаше многу за што да биде задоволен по инспиративната и емоционална претстава на неговите ракометари во „Јане Сандански“ против Пик Сегед.

„Во текот на оваа сезона многупати реков дека сум горд и благодарен на моите играчи, сега ќе го повторам тоа и денеска. Особено сум горд. Имавме тешка сезона, ги надминавме сите проблеми и ова е најдобриот можен начин да се збогуваме од нашата публика и фанови. Ова е совршен крај! Дадоа се денеска, одиграа најдобро што можат… Не чека уште еден меч во Сегед и ќе се обидеме да се најдеме на Ф4“, изјави Парондо.