Кошаркарска Македонија е во исчекување на назначување на новиот или како тргнало ново-стариот претседател на МКФ. Веќе е познато дека официјално во трката за оваа позиција влегоа Перо Антиќ и Владимир Темелковски, а неофицијално ќе се бори и актуелниот Петар Наумоски, ако ја „прифати“ онаа „иницијатива на Огнен Дедиќ“.

Што точно ќе се случува до 15 мај, јавноста, нема да ги знаеме сите детали ама ова модерно време ни дава таква можност да дојдеме до информации кои во „куќата на кошарката“ можеби мислат дека се само за нив.

До редакцијата на „СПОРТМЕДИА“ стигнаа неколку документи, црно на бело се уверивме дека во МКФ веќе засукале ракави во обидот да го урнат Перо Антиќ. Има потпишано иницијатива за промена на актуелниот претседател на Здружението на кошаркарски тренери, Драган Василевски.

Иницијивата е потпишана од тренери (сем неколку) останатите добро е познато зошто го ставиле својот потпис и која е целта на овој вондреден состанок, свикан токму на 6. мај, пред Изборното Собрание закажано за 15. мај.

Повеќе нема да должиме во продолжение ви ги пренесуваме сите детали…