Веселин Вујовиќ го напушти тимот на Железничар од Ниш. Тој го врачи својот отказ по поразот на тимот од Војводина, а своите причини за таквиот потег ги откри низ медиумите.

„Деградиран сум како човек и како тренер. Прво договоривме некои работи, после излегува нешто сосема трето. Доаѓаме во ситуација кога во 10 навечер не знаеме дали ќе имаме автобус да одиме на натпревар. Играчите немаат пари ниту за сок, ниту за чоколадо, да не споменувам дека ги истеруваа од становите поради неплатени кирии. Како да ги мотивирам играчите да се борат, ако тој ден не јадел, или го избркале од станот“, изјави Вујовиќ.