Вардар блескаше во синоќешниот прв четвртфинален натпревар од Лигата на шампиони против Пик Сегед. Унгарците на своја кожа ја почувствуваа “црвено-црната” моќ, која во најдоброто свое издание се одјави пред своите фанови и на крајот на сезоната ќе замине во историјата. Дури и Европа го поздрави шампионското издание на Вардар, а коментаторот на ЕХФ, Том О’Бранинг и го потенцираше тоа правејќи градација на разликата со која четвртфиналните натпревари завршиле.

И секако Вардар е на врвот на градацијата со осум гола предност по првиот меч. Барселона со седум славеше на гостувањето кај Нант, додека Веспрем има предност од шест гола пред реваншот во Флензбург. В сабота се игра дуелот меѓу Келце и ПСЖ, последниот од првиот круг, а двата тима ќе имаат предизвик да го минат Вардар на листата на Ирецот.