Реал Мадрид го крајот на летото ќе доведе звучен премиер-лигашки тандем. Еден Азар и Пол Погба се пред портите на „Сантијаго Бернабеу“, открива „Sky Sports“.

Заминувањето на Азар од Челзи е прашање на денови, за овој трансфер веќе долго време се зборува. Веќе не е тајна ниту цената за која ќе дојде во таборот на шпанскиот тим, бројката се движи од 100 до 120 милиони евра. Откако челниците на клубот ќе завршат со сите формалности, целосно ќе се насочат кон Манчестер Јунајтед.

Преговорите со Погба се во тек, треба да се договори точната сума за која тој би го напуштил „Олд Трафорд“. Францускиот фудбалер е подготвен да се раздели во „црвените ѓаволи“, тој не е задоволен, ниту од тренерот, ниту од напредокот во овој тим.