Од час во час, во Англија се посилни шпекулациите за заминувањето на Пол Погба од Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната. Откако денеска повеќе медиуми меѓу кои и угледниот „Тајмс“ објавија дека Французинот сам побарал од клубот да биде продаден во јуни, сега стигна информација од базата на Манчестер Ј. дека фудбалерот одбил да го даде пасошот за да му биде извадена кинеска виза за летната турнеја на клубот.

Според изворите, 26-годишниот играч од средниот ред јасно ставил до знаење дека нема намера да патува со клубот на предсезонската турнеја во Азија. Тоа ги засили шпекулациите за негово заминување од „Олд Трафорд“. Реал (М) и Зинедин Зидан се тие кои притискаат за негово пристигнување во Мадрид, кое во оваа ситуација има голема веројатност да се реализира.