Џон Хавличек, поранешната легенда на НБА и на Бостон Селтикс, почина на 80-годишна возраст. Тој важеше за еден од 50-те најдобри играчи, а во 1974 година беше прогласен за МВП, и беше дел од Куќата на славните.

За Бостон играше од 1962 година до 1978 година. Во тој период освои осум титули.

Поради својот придонес во развојот на кошарката во својата 16-годишна кариера, е примен и во Куќата на славните.

Рекордер е на Селтикс по бројот на одиграни натпревари и по бројот на постигнати поени.