Ули Хенес застана во одбрана на актуелниот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач. Тој и натаму трпи серија на критики од медиумите и од јавноста во Германија, меѓутоа Хенес со неговата изјава како да сакаше да каже да престанат со критиките.

„Навистина не ми е јасно. Први сме на табелата, се пласиравме во финалето на Купот, а ние понатаму зборуваме за нашиот тренер“, изјави Хенес.

Сепак, критиките, одат на тоа дека Баерн оваа година е далеку од оној вистинскиот Баерн кој што до сега веќе ги имаше обезбедено трофеите.

На лето се подготвува голема чистка во таборот на „Баварците“ со оглед дека веќе некои сигурно ќе си заминат како Рибери, Робен и Родригез, додека пред заминување има уште некои играчи меѓу кои и Хумелс.