Мечот меѓу екипите на Болтон и Брентфорд кој беше закажан за денеска во рамките на англиската Чемпионшип лига е одложен. Од лигата информираа дека морале да се одличат на ваков чекор, бидејќи играчите на Болтон рекле дека нема да играат додека не добијат плата.

Ниту една од мартовските плати кои требало да им се исплатат се уште не стигнала на сметките на ниту еден од играчите. 

„Како резултат на овие разочарувачки случувања, лигата беше принудена да го одложи натпреварот“, се вели во соопштението на ЕФЛ.

„Клубот [Болтон] сега се смета за виновен за недолично однесување и ќе биде упатен до Независна дисциплинска комисија. Одборот на ЕФЛ сега ќе го разгледа прашањето за одредување нов термин, а можеби мечот и воопто нема да се одигра“, потврдуваат од Чмпионшип лигата.