Ливерпул з апрвпат по цели 13 години дојде вос ерија од 10 последователни победи.  „Црвените“ синоќа го декласираа Хадерсфилд со 5:0 синоќа и се вратија на лидерското место во Премиер лигата, очекувајќи го неделниот меч на Манчестер Сити на гости кај Барнли.

За Ливерпул оваа победа беше десетта последователна во сите натпреварувања. Серијата на тимот започна на 10 март со успехот од 4:2 против Барнли, а потоа следеа победи со 3:1 над Баерн, 2:1 над Фулам, 2:1 над Тотенхем, 3:1 над Саутемптон, 2:0 и 4:1 над Порто, 2:0 над Челзи и 2:0 над Кардиф.

Последната ваква фантастична победничка серија Ливерпул ја имаше во 2006 година.