Пик Сегед се обидува да се собере пред реванш дуелот против Вардар во рамките на четвртфиналето во Лигата на шампиони закажан за 5. мај.

Унгарскиот тим по убедливиот пораз во Скопје раните ги лечеше во домашниот шампионат, се истури врз Вечеш совладувајќи го со 38:24 (19-11).

Секако на оваа средба Пастор ги штедеше силите за главната битка против македонскиот првак. Кашпарек и Сигурмансон запишаа по пет гола.