Денеска од 16 часот, се играат сите натпревари од 31.коло. Има неколку интересни мечеви, како прво оној под Шара каде Шкендија го дочекува Шкупи, кој одново е во победничка серија. По оној сензцаионален пораз во Струмица и тоа од Беласица, шампионот секако дека нема намера да си дозволи нов кикс, во спротивно на пет кола до крајот на првенството разликата во однос на Вардар веројатно ќе биде само шест бодови. На овој меч стратегот Ќатип Османи ќе смета на сите свои најдобри играчи, нема да експериментира како во средата. Вардар пак ја дочекува таа „Супер Беласица“, и нема да има намера да тргне по стапките на А. Пандев и Шкендија. Да потсетиме дека Вардар долго, долго време нема пораз.

РАБОТНИЧКИ НА ГОСТИ КАЈ „ПАНДЕВЦИ“

По добрите игри и резултати под водство на тренерот Баже Лазаревски, Работнички нанижа два порази по ред. Па така „ранет“ денеска и оди на А. Пандев, која исто така е во лузерска мини – серија од два меча по ред. Интересно ќе биде на „Младост“ во Струмица, и тоа како. Бодовите им се повеќе од потребни и на двете екипи. Работнички да фати приклучок со екипите кои се борат за тоа 4.место, а А. Пандев да ја одржи таа комотна разлика пред Шкупи.

ПОБЕДА СЕГА ДОМАЌИН ВО ТУРНОВО, ВО ЃОРЧЕ ДОАЃА РЕНОВА

Прилепчани денеска ќе бидат домаќини во Турново, на стадионот „Кукуш“, во меч кој го дочекуваат составот на Силекс. Кратовци бијат „битка“ за пласман во баражот и се освен три бода за нив ќе биде голем неуспех. Победа пак со едната нога е во Втората лига, но прилепчани знаат да изненадат, како што тоа го направија во средата кај Работнички. Во последниот меч од ова 31.коло, Македонија ЃП и Ренова во Ѓорче се очекува да одиграат возбудлив и докрај интересен натпревар без никакви калкулации.

ДВОЈКИ ЗА 31. КОЛО – ДЕНЕСКА 16 Ч

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

А.ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ

ВАРДАР – БЕЛАСИЦА

ПОБЕДА – СИЛЕКС

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА