Барселона се пласира во своето прво финале на женската Лига на шампиони откако предмалку во реваншот од полуфиналето го совлада Баерн Минхен со 1:0 и го елиминира со вкупни 2:0.

Андонова на првиот меч остана на клупата, а денеска не беше во протоколот за овој натпревар. Како и да е таа со својата Барса се најде во финалето што е нејзино прво во кариерата, а противникот ќе им биде подобриот од дуелот меѓу Челси и Лион. Францускиот тим обезбеди победа од 2:1 на првиот меч.

Андонова досега играше за некогашниот европски првак Турбине, потоа и за норвешки Розенгард, кратко и за ПСЖ, а од 2017 е во Барселона.

Финалето на женската Лига на шампиони ќе се игра на 18 мај 2019 на стадионот на Ференцварош во Будимпешта.