Чудна одлука на раководството на второлигашот Келн. Маркус Анфанг сезонава ги однесе популарните „јарци“ до Бундеслигата меѓутоа му било соопштено дека нема да работи во клубот идната сезона. Причината наводно биле неколкуте лоши резултати во последните натпревари иако тимот не си ја загрози првата позиција на табелата (два порази по ред, четири меча без триумф), а плус тоа не е омилен меѓу навивачите.

Последните натпревари ќе ги одработи тренерот на вториот тим Андре Павлак и помошникот Манфред Шмит. Клубот преговара да го донесе некогашниот стратег Петер Штегер.