Тројцата вардарови ракометари кои го имаа главниот збор во првиот четвртфинален натпревар против Пик Сегед во Скопје, го привлекоа вниманието и на ЕХФ ТВ, па така бековите Игор Карачиќ и Даинис Кристопанс се најдоа во идеалниот тим, додека голманот Дејан Милосављев ја има третата најдобро одбрана по првиот четвртфинален круг.

Карачиќ и Кристопанс имаа „симултанка“ против Пик Сегед со по осум голови, па така заслужено и се најдоа на плејмејкерската позиција, односно десен бек. Идеалниот тим може да го видите ТУКА.

Милосављев, пак, одигра клучна улога во финишот на натпреварот и овозможи неговите соиграчи разликата да ја направат уште поубедлива, а една од 14-те негови фантастични одбрани се најде меѓу најдобрите викендов. Одбраната може да ја видите ТУКА.