Иницијатива за спас на РК Вардар. Така се вика Фејсбук групата која се шири со неверојатна брзина. Е па така, кога институциите си молчат и се прават слепи и глуви, фановите на клубот, но и обичните ракометни навивачи тргнаа во офанзива, во битка за спас на нашата ракометна светост, нашиот најголем спортски бренд и екс европски шампион. Познато е се што се случуваше и случува со клубот, но фановите не сакаат да останат без ГОЛЕМ РК ВАРДАР, па затоа презедоа иницијатива за спас на клубот. Се предлагаат повеќе начини како да се помогне, се бараат информации за жиро сметки, се сака да се уплати за клубот. Во овој момент како што велат најважно е ФБ страната да се рашири што побрзо и повеќе. Се повикуваат Комитите но и сите оние ракометни фанови да помогнат. Се бара вистинските фанови на РК Вардар во овие моменти да се прикакажат во вистинско светло.