Немили сцени, еден мртов и 245 повредени луѓе во тепачката на трибините на стадионот „Азади“ во Техеран е исходот по завршувањето на иранското „Ел класико“ меѓу Персеполис и Сепахан, на кое немаше победник (1-1).

Фановите на двата клуба кои се инаку главни кандидати за шампионската титула во Иран, се соочија во клучниот натпревар за трофејот во 27. коло од првенството и додека на теренот се мина мирно, на трибините дошло до големи нереди, кои добија и трагични размери.