Македонскиот интернационалец Тихомир Костадинов го постигна единствениот гол во победата на Ружомберок со 1:0 над Серед во плеј-офот за титула во словачкиот шампионат. Костадинов во 20. минута доби топка напред, го измами својот чувар и биеше неодбранливо во голот на противникот.

Ружомберок е на четвртото место во плеј-офот со реални шанси да избори место во квалификациите за Лига Европа. Шампионот одамна е познат во Словачка, а тоа е Слован Братислава која убедливо води на врвот.

За поранешниот младински македонски репрезентативец тоа е шести гол сезонава во словачкиот шампионат.