Нејмар може да се соочи со нова казна, сега од Француската фудбалска федерација по инцидентот на трибините со навивач, откако ПСЖ на пенали го загуби Купот на Франција од Рен.

Кога „светците“ низ трибините се упатија да ги подигнат медалите, Нејмар му се пушти на еден навивач, прво земајќи му го телефонот, а потоа следуваше куса вербална комуникација, за на крај фудбалерот да замавне и да го удри.

Делуваше дека фрустрацијата и немоќта по загубениот Куп-пехар Нејмар сака вака да ги исфрли од себе.

Бразилецот, кој е познат по својот темперамент веќе заработи казна од УЕФА, односно нема да може да настапи на првите три натпревари во новата сезона од Лигата на шампионите, откако на Инстаграм ги критикуваше судиите по поразот од Манчестер Јунајтед.