Екипата на Рен направи сензација со тоа што триумфираше во францускиот куп по победата над Пари Сен Жермен во драматичен и исцрпувачки натпревар на „Сен Дени“ во Париз. Црвено-црните донесоа голема радост за Бретања и Бретанците затоа што после 48 години го донесоа трофејот од Купот.

Фудбалерите на Рен имаа поцврсти нерви и ментална сила да возвратат откако по првите 20 минути имаа негатива од 2:0. Дани Алвес постигна прекрасен гол на почетокот на мечот, а потоа и Нејмар, кој се врати по повредата, се запиша во листата на стрелците.

Но Кимпембе пред полувремето намали, а Едсон Мексер го изедначи резултатот на 2:2. Тој резултат остана до крајот и по продолженијата и се прејде кон изведување на пенали.

Интересно, во пенал рулетот Рен не погреши (погодија Нианг, Бен Арфа, Грение, Леа, Бенсебаини и Сар), а и ПСЖ не грешеше (погодија Кавани, Алвес, Паредес, Бернат и Нејмар) се до шестата серија кога Нкунку утна и тоа беше тоа.

Трофејот од Купот за Рен, а ПСЖ не успеа да испише историја – петти пат по ред да го освои Купот.

За Рен ова е вкупно шести трофеј во историјата. Има два во Лига 2, еден од Суперкупот на Франција и три во Купот (1965, 1971 и 2019). Да потсетиме Рен во 2013/14 и 2012/13 стигна до финалето на Купот и Лига купот но не успеа да победи. Сега го урнаа малерот.