Вчера се одиграа сите натпревари од 31.коло, па СПОРТМЕДИА по традиција ги бира идеалните единаесетмина. Според наше мислење за најдобар меѓу најдобрите е Омар Имери од Шкендија. Да му се даде на Шкупи три гола на еден меч секако дека не е мала работа. Токму затоа Имери е најдобриот. Покрај него од Шкендија во тимот на колото се и Муслиу, Алими и Ибраими. Од Вардар тука е левиот бек Жуниор, од Беласица стоперот Маслаќ и голманот Вујанац, од Македонија ЃП секако мора да има место за Тантуровски и Робсон да Силва, а од А. Пандев пак Пандев и Илиев.

 

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ОМАР ИМЕРИ

Тим: Шкендија

Роден: 13.12.1999

Кариера: Работнички, Шкупи, Шкендија