Финалето од Купот на Франција неславно заврши за фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој заработи црвен картон во 118. минута, откако со низок удар фаулираше противнички фудбалер.

Мбапе со отворена кошачка удри во потколеницата на фудбалетор на Рен и доби директен црвен картон, по кој замина во соблекувалната и не можеше да им помогне на „светците“ во изведувањето на пенали.

По регуларните 2:2, ПСЖ во пенал рулетот го загуби натпреварот 6:5, а Рен првпат по 48 години дојде до пехарот.