Кошаркарите на Денвер ја добија „мајсторката“ во серијата со Сан Антонио, 90:86 и си обезбедија полуфинале во Западната Конференција. Србинот Никола Јокиќ беше ѕведата на вечерта, кој со трипл-дабл учинок (21 поени, 15 скокови и 10 асистенции) го предводеше својот тим.

Во новата плеј-оф драма Сан Антонио се врати од негатива од 17 поени, на само два во последната четвртина, но погодокот на Мареј (мечот го заврши со 23 поени) на 30 секунди до крајот на натпреварот, значеше и крај на дуелот, со оглед на тоа дека и на Сан Антонио му беше јасно дека нема да играат полуфинале. Демар Дерозан  и Бен Форбсимаа по 19 поени, додека Ламаркус Олдбриџ со дабл-дабл, 16 поени и 11 скокови го одигра последниот меч во сезоната.

Во полуфиналето на Западот, Денвер ќе се соочи со Портланд.

Торонто, пак, на почетокот на полуфиналната серија на Истокот, со 105:95 ја совлада Филаделфија. Предводени од расположениот Каваи Леонард, Торонто максимално ја искористи предноста од домашниот терен и имаа константна предност.

Леонард постигна 45 поени и 11 скокови, следен од Паскал Сијакам со 29 поени. Во редовите на Филаделфија, пак, Џеј Џеј Редик запиша 17 поени, Џоел Ембид 16 поени, додека Тобајас Херис имаше дабл-дабл, 14 поени и 15 скокови.

РЕЗУЛТАТИ

Торонто – Филаделфија       108:95 (1-0)

Денвер – Сан Антонио         90:86 (4-3)