Вчера во Струга се одигра дербито на 23.коло во Втората лига – Запад, меѓу Лабуништа и Пелистер, тоа во некоја рака беше  битка за втората позиција на табелата која носи бараж за пласман во ПМФЛ.

Мечот заврши без победник, но најважно е тоа што трибината беше полна, љубителите на фудбалот во Струга, посебно фановите на Лабуништа покажаа како се сака фудбалот.

И како се сака да му се помогне на Мартин Стојаноски, голманот на Лабуништа за кого се собираат парични средства за операција. Хуманитарната акција за овој натпревар во целост успеа.