Шпанскиот шампион Барселона најави дека ќе подготви специјална кореографија за првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите против екипата на Ливерпул в среда. На „Камп Ноу“ ќе има распоредени повеќе од 90.000 специјални картони со кои ќе треба да се добијат боите на „блауграна“, а во средината на кореографијата ќе има натпис: „Подготвени да ја обоиме Европа“.

Слоганот е дел од кампањата „Ние го боиме фудбалот“, која беше избрана за Ел Класико пресметката против Реал Мадрид.