По триумфот над Железарец со 6:3, футсал клубот на Шкупи и официјално ја освои титулата првак на Македонија, апсолутно заслужено, зошто беа најдобри. По доделувањето на пехарот следуваше големе славје заедно со своите фанови „шверцери“ кои направија спектакл. Да кажеме и тоа дека за пет години постоење, на футсал клубот Шкупи, ова му беше втора титула.