Градскиот стадион во Дебар е непосредно покрај Дебарското езеро, што му дава посебен шмек кога се игра фудалски натпревар. А дека дебарчани го сакаат фудбалот, посебно си го сакаат својот тим Кораби, доказ е и тоа дека во просек има во просек по 2.000 гледачи на секој натпревар.

Тоа е посета која некои прволигаши, освен Шкендија и Шкупи, може само да ја сонуваат. Доживување е да се биде на еден таков меч во Дебар, Кавадарци, Пехчево, Штип, Струга кога играат Струга Трим Лум или Лабуништа. Нема што, во Македонија посетата во Втората лига е далеку поголема од онаа во Првата.