Реал Мадрид доживеа нова бламажа во шпанскиот шампионат, изгуби на гостувањето кај Рајо Ваљекано кој се бори за опстанок. Еден од најлошите фудбалери на теренот беше официјално најдобриот играч на светот Лука Модриќ.

Угледната шпанска „Марка“, која е блиска до Реал Мадрид, го оцени неговиот настап – катастрофа! Иако на теренот Хрватот помина 74 минути, неговата игра беше толку очајна што не заслужи оценка. Ретко се случува играч кој поминал толку време на терен да остане без оценка, а „Марка“ пишува дека немала што да оцени.

„Јасно е дека Модриќ не се снаоѓа во отворен меч. Изгуби многу топки, а можат да се издвојат три ситуација кога на неверојатен начин им ја предаде топката на противниците. Не можеше да се носи со притисокот на теренот“, пишува „Марка“.