Холандскиот шампион Ајакс го доби првото полувреме на гостувањето во Лондон против екипата на Тотенхем со 1:0 во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите. Гостите одлично го отворија мечот, ја преземаа иницијативата и по само 15 минути игра успеаја да добијат еден отпадок во шеснаесетникот на Хуго Лорис, кој младит 22-годишен напаѓач на холандскиот шампион, Ван ден Бек, го претвори во водство од 1:0.

Кон средината на првиот дел по директен воздушен дуел со својот соиграч Алдервајерелд, сериозна повреда доби Јан Вертонген, кој не можеше да го продолжи мечот, па на негово место во игра влезе Муса Сисоко. Лондончани ќе мора да подобрат многу нешта во играта, ако сакаат да извлечат добар резултат во второто полувреме.