Фудбалскиот клуб Тотенхем објави дека потпишал професионален договор со Маурисио Покетино. Точно е напишано – Маурисио Покетино, но не е во прашање тренерот на Тотенхем, туку неговиот син со идентично име како и стратегот на „Спарс“.

Покетино остави длабок белег во Тотенхем, а токму синот беше дел од младинскиот погон на оваа екипа, па сега му е понуден профи-договор. Дали поради неговиот талент или славата на неговиот татко ќе покаже времето.