Во среда Барселона и Ливерпул го играат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите, а центарот ќе биде Каталонија и култниот „Ноу Камп“.

Според многумина ова е финале пред финалето, а ќе видиме дали Ливерпул ќе се снајде на жешкиот терен каде пред Меси и другарите паѓале многу екипи.

А тренерот на Ливерпул Јирген Клоп ја крена тензијата и ги налути навивачите на Барселона но и клубот со своите зборови. Многу луѓе се маѓепсани од „Ноу Камп“, а Германецот порача дека за него „Ноу Камп“ е само обично игралиште.

Но Барса не седеа мирни и веднаш се огласија на социјалните мрежи праќајќи порака до германскиот стратег.

„Наш дом. Наш храм. Наша тврдина“, со видео и фотографија „Ноу Камп“.