Тотенхем и Ајакс претставуваат најголеми изненадувања во полуфиналето на Лигата на шампионите, но и едните и другите повеќе од заслужено се најдоа на чекор до финалето на најпрестижното клупско европско натпреварување. Во ова неочекувано полуфинале не можеме да кажеме кој е фаворит, можеби Ајакс поради еуфоричноста и разлетаноста и поради тоа што Тотенхем има проблеми со повредени фудбалери, плус малку го намали темпото.

Тотенхем во групата играше со Барселона (учесник во другото полуфинале), Интер и ПСВ. Можеби имаа и малку среќа затоа што освоија ист број на бодови како и Интер, но поминаа понатаму благодарение на тоа што во Милано постигнаа гол (изгубија 2:1), додека дома славеа со 1:0, но во елиминациската фаза двапати го победија Дортмунд, додека во англискиот двомеч беа поуспешни од лидерот на Премиер лигата Манчестер Сити. Ајакс беше во група со Баерн, Бенфика и АЕК, а кога во второто коло одигра 1:1 во Минхен испрати порака дека никој не треба да ги потценува.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – Полуфинале (прв натпревар)

ТОТЕНХЕМ – АЈАКС
Вторник, 21.00
Шифра: 6406

Наши предлози
ДШ        1X           1,41
ТГГ          ГГ            1,67
КМБ      1X&ГГ    2,25
* Квотите подлежат на промени

Но малку кој сериозно ја сфати таа порака, признаваме и ние бевме меѓу нив. Сметавме дека екипата предводена од Душан Тадиќ, Де Јонг, Де Лихт и другите ќе се сопне од тројниот бранител на круната Реал во осминафиналето, но оној нивен настап на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ влезе во аналите на фудбалот. Следуваше уште една лекција која клубот од Амстердам му ја одржа на Јувентус кој засилен со Кристијано Роналдо веќе беше виден на финалето на „Метрополитано“ во Мадрид.

Менаџерот на домашните Маурисио Покетино нема да може да смета на херојот од дуелот со Сити Енмин Сон кој е суспендиран, но ни на повредените Серж Орие, Ерик Ламела, Хари Кејн, Хари Винкс, додека Јан Фертонген би можел да помогне доколку е потребно. Од друга страна, момците на Ерик тен Хаг паузираа претходниот викенд (поради нив Холанѓаните го поместија целото коло), па оваа млада екипа имаше време да заздрави и да се одмори, а проблеми со повреда има само Нусар Мазрауи.

„Спарс“ го изгубија градското дерби со Вест Хем, а Покетино беше разочаран по мечот.

„Сакавме три бода и во добро расположение да го дочекаме мечот од ЛШ. Не можам да кажам дека моите играчи комплетно беа посветени на Ајакс, но тука морате да ги вброите и уморот и стресот“.

А Покетино се жалеше на тоа што Холандија застанала зад Ајакс и поради нив го одложила цело коло, додека Премиер лигата не го направи тоа и „Спарс“ мораа да ги кршат копјата со „чеканите“. Но стратегот на холандскиот тим Ерик тен Хаг имаше оригинален одговор:

„Покетино рекол дека не е фер? Ние играме во лига во која од ТВ-права заработуваме 10 милиони евра годишно, додека тие играат во Премиер лига каде за истото нешто добиваат 200 милиони. Што тука не е фер?“, праша Тен Хаг.

Очекуваме отворен дуел па пред се ви препорачуваме ГГ. Холанѓаните се посвежи и кога на тоа ќе се додаде фактот што во ЛШ не изгубиле на гостински терен од август 2016. во предвид доаѓа и единица. Можеби не би било лошо да се определите за двојна шанса 1Х, а доколку не ве задоволуваат овие квоти, одиграјте нивна комбинација.

 

НЕКОЛКУ ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ

Тотенхем и Ајакс претходно се сретнаа само еднаш во европските купови и тоа во далечната 1981 година. Во првата рунда од поранешниот Куп на победниците на Куповите Тотенхем победил двапати (3:0 и 3:1).


Слика – Вим Јансен во дуел со Рикардо Виља
на мечот меѓу Ајакс и Тотенхем во 1981

Ајакс е првиот клуб во историјата на ЛШ кој стигнал до полуфиналето откако претходно поминал и три квалификациски кола.

Ефектот на Ајакс во полуфиналните натпревари на ЛШ е шест победи и два порази.

Ајакс има само две победи на гости кај англиски екипи, со пет ремија и четири порази. Последниот дуел со англиски опонент заврши 2:2 со Манчестер Сити во ЛШ во сезоната 2011/12. А победата над Манчестер Јунајтед со 2:1 во нокаут фазата на ЛЕ во сезоната 2011/12 беше прва после 40 години.

Ајакс е најефикасната екипа сезонава во Европа. Нивниот рекорд е 160 голови во сите натпреварувања.

Тотенхем го изгубил претходното полуфинале во најсилното европско натпреварување. Тоа се случило во далечната 1962 година од Бенфика.

Тотенхем е седмиот англиски клуб кој стигнал до полуфинале на ЛШ и со тоа го урна рекордот кој го делеше со Шпанија.

Тотенхем доби осум од последните 10 натпревари во ЛШ на домашен терен, вклучувајќи ги и последните четири. Другите два им се порази.