МЗТ Скопје и следната сезона ќе биде дел од АБА 2 лигата, откако „металците“ не ја искористија ниту втората шанса да се најдат во најсилното јадранско друштво. Во „мајсторката“ од баражот со Задар, МЗТ загуби со 86:75.

МЗТ имаше шанса да ја оствари својата цел, со оглед на тоа дека во последната четвртина по долго бркање на двоцифрена негатива со погодокот на Водард успеја да изедначи на 68:68, односно 70:70, но во клучните моменти „штрковите“ затаија. Задар направи серија од 8-0 (78:70), која се покажа како клучна за крајниот исход.

Задар ја имаше иницијативата уште од самиот старт, отвори со 5-0 серија, додека МЗТ преку Медфорд изедначи на 5-5, односно 10-10 во средината на првиот дел. Во периодот во кој тимовите го менуваа водството, МЗТ имаше предност од 13:16, односно 17:18, но 12-0 серија на Задар за (29:18) на крај на првата четвртина направи разлика.

„Металците“ во продолжението константно бркаа негатива, намалија на 35:29, но противникот одново се одлепи на двоцифрени, 39:29, 43:33, т.е. 50:40 на полувремето.

Хрватскиот тим ја имаше иницијативата до крајот на натпреварот, а откако МЗТ не ја искористи шансата, јасно беше дека ќе остане во АБА 2 и следната сезона.