Фудбалерот на Тотенхем, Јан Вертонген најверојатно заработи потрес на мозокот во првиот полуфинален дуел со Ајакс од Лигата на шампионите.

Вертонген во 33. минута имаше директен воздушен дуел со својот соиграч Алдервајерелд, по кој заработи расекотина на носот и беше целиот во крв.

Се обиде Белгиецот да се врати во игра по укажаната лекарска помош, но за кусо време побара измена, а кога тргна да го напушти теренот почувствува нагон за повраќање, по кој поврати и се онесвести, но беше притоа задржан.