ФК Победа е на чекор до испаѓање од елитата, моментално се наоѓа на последното место со 23 бодови, единаесет помалку од осмиот Силекс, но и со меч помалку. Имено прилепчани до крајот, тука го сметаме и денешниот дуел со Академија Пандев, оној заостанат од 24.коло, имаат уште шест меча. Значи 18 бодови се на располагање. Од се ова произлегува дека за Победа денешниот дуел со „пандевци“, се игра на „Кукуш“ во Турново од 16 часот е една од последните шанси. Ако освои три бода тогаш би можела да се врати во „игра“, ако не… е тогаш секако дека си става печат на Втората лига. Од друга страна се знае кој е фаворит, кој би требало да ги освои трите бода. Иако ослабен со неиграњето на неколку првотимци, составот на Југослав Тренчовски не би требало да има поголеми проблеми во освојувањето на бодовите, се разбира само ако сака да игра. Да не се потсетуваме на се она што беше на мечот со Беласица.