Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, најверојатно ќе биде стартер во составот на „црвените“ на утрешниот прв меч од полуфиналето во Лигата на шампионите. Веста ја објави британски „Тајмс“, повикувајќи се на клупски извори.

Претходно беше објавено дека 27-годишниот напаѓач има проблеми со повредата и неизвесен е за настап. Бразилецот веќе ја пропушти средбата од 36. коло од англиската Премиер лига против Хадерсфилд.

Според информацијата, Фирмино треба да учествува на тренинг-сесијата на Ливерпул, која ќе се одржи денеска, по што лекарите треба да го дадат последниот збор за неговата состојба.