Фудбалската асоцијација на Белгија одлучи дека мечот Стандард Лиеж – Андерлехт ќе биде регистриран со службен резултат од 5:0 за домашните. Имено, при 2:0 за Стандард, гостинските фанови фрлиле пиротехнички средства и димни бомби во 32. минута.

Судиите и делегатот одлучиле прекин на натпреварот.

Покрај тоа, Андерлехт ќе биде казнет и со парична глоба, а исто така ќе загуби и драгоцени бодови во битката за титулата во Белгија.