Реален или не, резултатот од второто полуфинале во Лигата на шампионите е Барселона – Ливерпул 3:0. Суарез во првиот дел, и Меси два пати погоди во вториот дел за голема предност на Барса пред реваншот во Англија. Барса е три чекори напред кон финалето, иако Ливерпул и тоа како треба да жали за пропуштеното вечерва на „Камп Ноу“. Практично, може да се каже дека во миговите кога избраниците на Јирген Клоп играа, тогаш Барса погодуваше и ги казни сите промашувања на гостите.

Суарез во 26. минута погоди откако избега од офсајд, и се радуваше на голот, иако го постигна против својот поранешен тим. Потоа на сцена стапи Меси кој во 75. минута успеа да стрела по една акција на која претходеше пречка на Суарез. А третиот гол на Меси е вистинско ремек-дело. 82. минута слободен удар од 25. метри стрела во голот.

Ливерпул испушти шанса да се врати откако имаше статива преку Салах, а Дембеле во 95. минута пропушти чиста шанса откако беше сам пред голот, но шутираше млако и по средината на голот.

Головите од вечерашниот дуел: